Продажбените цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април годинава во споредба со истиот месец лани се зголемени за 10,5 проценти. Зголемувањето се должи, пред се', на повисоките цени во групата енергија за 29,6 проценти, интермедијарни производи за 2,1 процента и капитални производи за 0,3 проценти. Во преработувачката индустрија цените се зголемиле за 11,2 проценти, а во снабдувањето со струја, гас и пареа за 7,7 проценти.
Продажбените цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април годинава во споредба со истиот месец лани се зголемени за 10,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред се', на повисоките цени во групата енергија за 29,6 проценти, интермедијарни производи за 2,1 процента и капитални производи за 0,3 проценти.
Во преработувачката индустрија цените се зголемиле за 11,2 проценти, а во снабдувањето со струја, гас и пареа за 7,7 проценти.